ИСХРАНА И ЖЕЛУДНИК
Начинот на исхрана претставува значаен фактор за појава на гастритиси и чир на желудникот и дванаесетпалачното црево.
Начинот на исхрана претставува значаен фактор за појава на гастритиси и чир на желудникот и дванаесетпалачното црево.
Зачинето, луто, алкохол, цигари, газирани пијалоци, пиво ,вино, кафе, пржена храна, многу топло и многу ладно, колбаси, паштети, сувомеснати производи.
Оваа болест е поврзана со влијанието на најразлични фактори : механички, термички, бактериолошки, кои можат да доведат до повреда на слузокожата на желудникот и разни процеси на воспалување. Во зависност од карактерот, интензитетот и начинот на факторите, процесот на воспалување може да го зафати само површинскиот слој на слузокожата, а може да се рашири и на целата дебелина на истата, што, природно доведува до големи непријатности.
При исхраната задолжително имајте го во предвид начиот на кулинарска обработка на производите и неговото влијание секреторната и моторната функција на желудникот.
Една од методите на лекување е фитотерапијата, меѓутоа на истата не се придава главна улога. Се смета дека фитотерапијата е посебно ефикасна доколку се почне со нејзино користење на време во текот на влошувањето на болеста и поради превентивни сезонски рецидиви. Фитотерапијата е исто така неопходна при комплексниот пристап на болеста. Примената на лековитите растенија има низа предности во споредба со синтетичките препарати и антибиотици, пред се бидејќи билките ја уништуваат патогената флора за цревата, а ги чуваат сапрофитите. Затоа поголемиот број од нив можат да се употребуваатнеодредено долго, т.е имате можност да ги исполните сите барања во лекувањето не само на локализираните, туку и општите болести.
Најважно во таквите ситуации е да се биде упорен и да не очекувате моментални резултати од употребата на билките и чаевите. Уште еднаш треба да се повтори дека лекувањето со билки се спроведува подолго.
За намалување на болката, во билните смеси се користат следниве билки: бел слез, зајачка шепа, машки кантарион, кипарис, нане.
За обложување на желудецот со слуз, најдобар ефект имаат дуња, оман, чички, зелка, компир, рибизла, жалфија и хмељ.
Делотворно влијание против микроби и воспалувања имаат: бреза, кисел корен, зајачка шепа, женски тегавец, нане, камилица, шипка, лук и кромид.
Како средства против повраќање се применуваат: анасон, компир, нане мајчина душичка, ким и смил.
Способноста за запирање на крварење е запазена во: стеглив корен, женски тегавец, пченка.
За лекување на болестите на дигестивниот тракт широко се употребуваат и имуно – коректори, седативи и растителни средства против спазми, како што се: кипарис, коприва, женсен, лимон, малина , невен, валеријана.
За лекување на симптоматични појави, како што се пролив, запек, болка и друго, во смесите се додава: плодови од паслица, кора од даб или круша, корен од луцерка, росопас, сок од алое, јагоди и др.
За лекување на хронични болести на дигестивниот тракт може да се користи: бреза, оригано, стеглив корен, кромид, смрека, пелин, камилица, цвекло, топола, бидејќи тие имаат антивирусно дејство кое е еднакво по сила и начин на делување на синтетичките препарати.
Притоа треба да се има предвид карактерот на делување на билката, видот на болеста и индивидуалните карактеристики на организмот.
Лекувањето на организмот почнете го со гладување и промивање на дигестивниот тракт. Вториот ден користете топли средства кои создаваат плунка и го обложуваат желудникот и цревата. Лекувањето трае еден до два месеци.