070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

НАСТИНКА И ГРИП

Инфекциите на дишните патишта и во Македонија се најчеста причина болниот да го посети лекарот по општа медицина (семејниот лекар). Врз честото јавување инфекции на дишните патишта имаат големо влијание и животните навики. Кај пушачи забележуваме посериозни форми на заболување, но и децата на пушачите се разболуваат двапати почесто од оние на непушачите. Животот и работното место во центрите на поголемите градови ја зголемуваат можноста за заболувања од инфекции на дишните патишта, што е последица од нечистиот воздух и од поголемата населеност на градовите.

НАСТИНКА

 

Настинката е блага, кусотрајна и најчеста инфекција на горните дишни патишта, а ја предизвикуваат голем број вируси. Од настинка заболуваат луѓето во целиот свет, најчесто во постудените месеци на годината. Вируси што ја предизвикуваат настинката ги пренесуваат најчесто децата, особено учениците. Тие го пренесуваат вирусот во семејството и тој натаму, преку непосреден контакт – најчесто преку рацете, се шири од еден на друг член во семејството. Тегоби (симптоми и знаци на заболувањето) што ја придружуваат настинката се: општа лоша состојба, исцедок од носот, најобилен е вториот или третиот ден, кивање, болки во грлото, боцкање во грлото и сува кашлица. Болниот засипнува, дури може и сосема да изгуби чувство за вкус и мирис. Може малку да се зголеми (супфебрилна) телесната температура и да се почувствува лесна главоболка. Дали можеме самите да се лекуваме од настинка? Се разбира дека можеме! Ако ги почувствуваме споменативе тегоби, не мораме веднаш кај лекар. Самите ќе си помогнеме со палетата против настинка, што ја произведува Лековата домашна аптека. Прогнозата за развивањето на настинката е сосема добра, зошто болеста исчезнува по една до две недели.

 

Само во ретки случаи може да настанат компликации поради бактериска инфекција (средно уво, синуси). Ако настанат такви тегоби, најдобро е да се јавиме кај својот домашен лекар.

 

Настинката ја предизвикуваат голем број вируси, честопати се случува повторно да се заразиме со истиот вирусен сој, зашто откако ќе ја преболиме настинката, не стануваме отпорни (имуни) на вирусот што ја предизвикал. Оттука е и големиот број настинки кај луѓето.

ГРИП (ИНФЛУЕНЦА)

 

Грипот како епидемија го обиколува светот секоја есен и зима. Го предизвикуваат вирусите инфлуенца А и Б. Тегоби на болеста (симптоми и знаци) се: треска, зголемена телесна температура (првиот ден на болеста дури 38 до 390Ц), општа слабост, замор, главоболка, воспалени очи и нос (катарални знаци), сува кашлица, болки во мускулите и зглобовите. Грипот трае 3 до 5 дена. Компликации се јавуваат првенствено кај повозрасните, кај пушачи, болни со хронични заболувања и кај мали деца.

 

Најчестата компликација од грип е воспаление на белите дробови.

 

ДАЛИ МОЖЕМЕ САМИ ДА СЕ ИЗЛЕКУВАМЕ ОД ГРИП?

 

Ако ненадејно не снајдат штотуку опишаните тегоби, најдобро е да останеме дома, да мируваме и да си помогнеме со лекови и лековити препарати од Лековата домашна аптека. Ако болеста не помине и по 5 дена, добро е да се посоветуваме со својот лекар. И се уште важи изреката: Подобро да се спречи отколку да се лечи! Со начинот на живот и со некои лековити средства во голема мера може да влијаеме врз одбранбената моќ на телото. Важно е што почесто да се движиме на свеж воздух, надвор од градскиот врвеж, во помалку загадени места. Да решиме да се откажеме од пушењето! Да избираме храна со повеќе свеж зеленчук и овошје!