Под артериски притисок се подразбира силата со која крвта, истисната од срцето, ги притиска сидовите на артериите додека не стигнат до капиларите. Нормалните вредности на дониот (Дијастолен) притисок се движат од 60 – 90 mmHg, а на горниот (Систолен) од 105 – 140mmHg.
Значи за низок притисок се мисли кога вредностите на горниот притисок се движат од 80 – 100 mmHg. Кај возрасна здрава личност вредностите на крвниот притисок се менуваат, не се постојано исти. Варијации постојат во текот на денот, зависност од психофизичката активност и исхраната.
КОНСТИТУЦИОНАЛЕН– што не значи болест, но природна состојба и се манифестира уште од детство, се наследува од двата родители и подобро се адаптира и поднесува организмот на него. Во секој случај непријатностите што повремено ги чувствува (замор, вртоглавица, малаксаност, главоболка) не треба да загрижуваат. Лековите овде не помагаат и не треба да се земаат, но да се земаат течности и исто солена храна. Исто така е потребно доста движење да се одржи тонусто на крвните садови. Како прва постапка пожелно е да се испие и шоља кафе, чај или сок.
ОРТОСТАТСКИ – се случува при промена, особено нагла, на положбата на телото (нагло станување). Но потребно е да се нагласи дека сосема нормално е да дојде до варијации. Овој вид е карактеристичен кај одредени пациенти од Дијабет (шеќерна болест), растројство на ЦНС (Паркинсонова Болест), зголемено лачење на мокрача или губење течности поради дехидратација (потење, повраќање, пролив) или при долговремено стоење (професионално) или кај бремените жени при попуштени вени на нозе. Овој вид на притисок може да биде и придружна појава при употреба на лек за висок притисок или ширење на крвните садови (вазодилатација) и неопходно е да се контролира од лекар. Нискиот притисок полесно се поднесува во помлада возраст. Проблемот е кај девојки во менструалниот циклус или при слабокрвност.
1. Штом ќе почувствувате и најмал знак на слабост испружете се, легнете.
2. Наутро при будење немојте нагло да станете од постела, најпрво седнете.
3. Не се задржувајте предолго во исправена состојба.
4. Јадете повеќе сол и солена храна и задолжително пијте повеќе течности.
5. Не седете предолго во топли простории со многу влага и луѓе.
6. Занимавајте се со спорт, но не правете тешки вежби.
7. Носете еластични чорапи.
Доколку е потребно посета на лекар, медикаментозна терапија која се зема е во вид на таблети, капки во случај на пад на притисокот, но не е редовна. Потребно е да се знае дека седативи (Табл.Дипам, Лексилиум) го симнуваат крвниот притисок.
ХРАНА КОЈА ГО НАМАЛУВА КРВНИОТ ПРИТИСОК : лук, целер, маслинов зејтин.