070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ХЕМОРОИДИ

Хемороиди се проширување на крвните садови со застој на крвта во подрачјето на надворешниот и внатрешниот хемороидален венски плексус во завршниот дел на дебелото црево-ректумот.

ШТО ПРЕДИЗВИКУВА ЗАСТОЈОТ ВО ВЕНИТЕ НА РЕКТУМОТ?

  • Вродена слабост на ѕидовите на крвните садови;
  • Хронична опстипација;
  • Силен напон при дефекација;
  • Притисок на вените во подрачјето на малата карлица предизвикани од бременост, тумори;
  • Некои заболувања како цироза на црниот дроб.

 

 

ШТО ДОПРИНЕСУВА ЗА СОЗДАВАЊЕ НА ХЕМОРОИДИТЕ?

  • Долготрајно седење или стоење;
  • Исхрана без доволно растителни влакна;
  • Прекумерна телесна тежина и дебелина.

 

 

КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ СИМПТОМИ?

  • Болка, чешање, печење во подрачјето на анусот;
  • Воспаление на кожата и слузницата на тоа подрачје;
  • Крвавење од анусот, кое се јавува во околу 80% од случаите.

 

 

КАКО СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРААТ ХЕМОРОИДИТЕ?

  • Преглед на аналното подрачје;
  • Дигитален преглед;
  • Проктоскопија.

 

 

ШТО СЕ МОЖЕ ДА СЕ КРИЕ ПОД ПОИМОТ ХЕМОРОИДИ?

Низа заболувања во подрачјето на анусот и завршниот дел на дебелото црево како на пример ванатрешни и надворешни хемороиди, перианална тромбоза, фисури, рагади, абсцеси, егземи. Погрешно е при крварење да се лекуваат хемороиди, а при тоа да не се направи предходен ендоскопски преглед, бидејќи може да се превиди сериозно заболување како рак на дебелото црево.

 

 

КАКО СЕ ЛЕКУВААТ ХЕМОРОИДИ?

Честопати лекувањето опфаќа хигиено-диететски мерки, а во зависност од состојбата додадено е конзервативно лекување или хирушки процедури.

 

 

ХИГИЕНО – ДИЕТЕТСКИ МЕРКИ

Важно е со правилна исхрана да се воспостваи секојдневен ритам на дефекација. Се препорачува храна со многу зеленчук, овошје, житарици особено пченкарен леб. Таквата храна богата со многу диететски влакна но и течност, создава волуменозна столица, која поттикнува празнење на цревата. Земање на доволно течности, вода, минерална вода со магнезиум, слатко и кисело млеко, компот и сокови. Избегнувајте силно зачинета храна. Умерена телесна активност како одење, трчање, лесни вежби со добро влијание врз телесната и душевната кондиција позитивно влијаат на варењето и работата на цревата. Редовно миење на анусот после столицата со млака или со ладна вода е препорачливо. Не употребувајте сапуни што ја дразнат слузницата на анусот.

 

 

КОНЗЕРВАТИВНО ЛЕКУВАЊЕ

  • Запирање на крварењето;
  • Намалување на иритацијата на воспалението;
  • Заштита од инфекции;
  • Мерки за заздравување на раните.
Verified by MonsterInsights