070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

БОЛЕСТИ НА КОСАТА И НА КОЖАТА

Кожата, нашиот најголем орган, има голем број задачи: не штити од сончевите зраци, од сушење, навлегување на состојки од надворешната околина, од механички надразнувања и од организми што предизвикуваат заболувања. Ја регулира температурата на телото, има функција на излачување и одбранбрена функција.

 

Кожата е важен орган за регистрирање на болка, јадеж, допир, студ или топлина. Кога ќе се разболи кожата, тогаш и нејзините додатоци (анекси) влакната, косата, лојните жлезди, потните жлезди и ноктите најчесто се повредени.

 

Акните (мозолки или acni vulgaris) се често заболување на кожата (излезите на лојните жлезди) кај младите луѓе. Акните се јавуваат во пубертет, дури и порано, во младите години достигнуваат најголем развој, а во зрелите исчезнуваат. При појавувањето на акни важна улога имаат голем број причинители: семејна склоност кон акни, анатомските услови на фоликулот на лојната жлезда, лојот, бактерии, хормонски нарушувања и пречки во орожнувањето на клетките.

 

Обилната влакнавост денеска е еден од најголемите естетски проблеми на девојките и на жените. Причината за оваа појава е, најчесто наследна, фамилијарна и не е поврзана со болест. Некои видови влакнавост кај жените на места каде што таа е многу изразена кај мажите, најчесто е последица од нарушување на работата на жлездите со внатрешно лачење. Локалното зголемување на влакнавоста на некои делови на телото може да биде последица од долготрајна и неправилна употреба на хормонски лекови, козметички препарати или од неправилно остранување на влакната. Методи за отстранување на влакната (епилација, депилација) се малку болни, долготрајнни и непријатни. За побелување на влакната може да се употреби крем за обелување, што е многу едноставно.