КОГА ДОАЃА ДО НЕДОСТАТОК НА ЖЕЛЕЗО?
Обилна менструација или крварење заради миом на матката или хемороиди, како и внатрешни крварења од чир на желудникот. Некои цревни заболувања даваат неадекватна ресорпција на железото. Зголемени потреби за истото има во репродуктивниот период на жената, особено во тек на бременост и доење, кај девојчињата и децата во развој. Децата се раѓаат со резерва од мајката, но покасно заради неправилна исхрана (еднолична, сиромашна со месо-црвено-говедско и витамини) развиваат симптоми на анемија. Анемијата се одразува и врз психофизичкиот развој.
Понекогаш лесно се адаптираме на постоечките симптоми и тоа води до поголемо потенцирање на болеста.
КОИ СЕ ТИПИЧНИ ЗНАЦИ НА НЕДОСТИГОТ НА ЖЕЛЕЗО?
Замор, главоболка, постојано чувство на студ, нарушен сон, отежнато дишење, срцебиење, кршливи нокти, паѓање на коса и тн.
КАКО ВЕГЕТАРЈАНЦИТЕ СЕ СНАБДУВААТ СО ЖЕЛЕЗО?
Железото го има во растителниот свет, но е со помал квалитет. Кај оние кои не јадат јајца, риба и млечни производи проблемот е посложен. Се зема во свежа состојба и најдобро е со паралелно земање на витамин Ц (со чаша лимонов сок ). Чајот и кафето имаат обратен ефект. Не смеат да се земат непосредно со таблета.
КАКО ТРЕБА ДА СЕ ЛЕКУВА СЛАБОКРВНОСТ?
Треба одрeден временски период, најмалку 3-6 месеци, да се земаат таблети, сирупи или инјекции за да се исполнат резервите со железо. Со железото се комбинираат високи дози на витамини од групата Б и Ц витамин, за ефектот да биде целосен.