ШТО ПРЕТСТАВУВА ТЕСТОТ ЗА АНТИНУКЛЕАРНИ АНТИТЕЛА (АНА)?
Антителата се протеини кои имунолошкиот систем ги создава за да се бори против одредени бактерии, вируси и други патогени микроорганизми. Тие се високo специфични и постојат различни подкласи на антитела во зависност од локацијата во телото и функцијата. Првенствено се создаваат за време на одбраната на телото против патогенот, меѓутоа, тие се произведуваат и како последица на претерана реакција на имунолошкиот систем, како што е алергиска или автоимуна реакција.
Понекогаш, имунолошкиот систем може делови од нашето тело ги идентификува како надворешни “страни напаѓачи”. При тоа се создаваат и ослободуваат специфични антитела, наречени „автоантитела“, кои ги напаѓаат клетките и ткивата на сопствениот организам, односно компонентите како нуклеусот и цитоплазмата. Па така, автоантителата може да ги оштетат зглобовите, кожата, мускулите и другите делови од телото и да предизвикаат болести на сврзното ткиво. Болестите на сврзното ткиво се група на автоимуни нарушувања кои се карактеризираат со присуство на антинуклеарни антитела (АНА) во крвта на пациентите.
Манифестацијата на овие заболувања не често има вообичаена клиничка слика и мерењето на концентрацијата на овие антинуклеарни антитела во крвта може да биде показател за автоимуни заболувања, вклучувајќи ги:
еритематозен системски лупус
реуматоиден артритис
склеродерма
Сјогрен синдром
автоимун хепатитис
полимиозитис/дерматомиозитис
автоимуни системски васкулитиси
АНА се категоризирани во 2 главни групи:
Автоантитела против единечна и двојноверижната ДНК молекула (ds DNA) и хистоните
Автоантитела на екстрактирани нуклеарни антигени (ENA)
ЗОШТО Е ПОТРЕБЕН ОВОЈ ТЕСТ?
Вашиот лекар може да назначи испитување на АНА ако имате симптоми на автоимуна болест како што се:
Болка во зглобовите и/или мускулите, вкочанетост или оток
Замор
Повторлива или постојана треска
Црвен осип на образите и носот кој личи на пеперутка
Слабост
Чувствителност на светлина
Вкочанетост и пецкање во рацете или нозете
Губење на косата
КАКО СЕ ИНТЕРПРЕТИРААТ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ТЕСТОТ?
Тестот се означува како позитивен ако се открие присуство на антинуклеарни антитела. Позитивниот тест не значи дека имате автоимуна состојба. Помеѓу 3% и 15% од луѓето без никакви здравствени состојби имаат детектибилни антинуклеарни антитела. Многу лекови и болести може да ги покачат овие АНА во крвта. Исто така, не секој кој има автоимуна болест ќе има покачени концентрации на овие АНА. Затоа тестот на крвта е само еден дел од дијагнозата на автоимуна болест. Лекарот специјалист кој го назначил тестот, покрај резултатите од истиот, ќе направи физички преглед, проценка на симптомите и најверојатно ќе назначи останати дијагностички тестови.
Погрижете се да ги разберете резултатите од вашиот АНА тест. Прашајте кои други тестови Ви се потребни за да се потврди вашата дијагноза и како резултатите од истите ќе влијаат на вашиот третман.
Во нашата специјалистичка биохемиска лабораторија се вршат мерења на специфични антинуклеарни антитела за дијагностика на алергиски (алерген-специфични IgE) и автоимуни испитувања (антиген-специфични IgG) со многу предности за денешните системи за тестирање.
1. Панел за автоимуни ревматолошки заболувања со квантитативно мерење на специфични автоимуни антитела.
2. Панел за автоимуни заболувања кој претставува ензимски имуноесеј за одредување на специфични автоимуни антитела IgG насочени против компоненти на клеточното јадро и цитоплазма.
Заболувања на црниот дроб: примарна билијарна цироза, автоимун хепатитис,
Goodpasture syndrome
Подготвил:
Мр. Д-р Мануела Манева Ристова спец. по мед. биохемија
Оваа страна користи колачиња
Веб-страницата www.primdrsamardziski.mk користи колачиња. Прифаќањето на колачињата не е задолжително за работата на веб-страницата, но би Ви озможиле подобро корисничко искуство. Со кликање на копчето „Прифати“ се согласувате со нашата политика за користење колачиња. Со кликање на копчето „Не прифаќам“, колачињата нема да бидат депонирани.
Функционалност
Always active
Колачиња кои се неопходни за да се овозможи користење на одредена услуга, изрично побарана од претплатникот или корисникот, или за да се изврши пренос на комуникација преку електронски пат.
Preferences
The technical storage or access is necessary for the legitimate purpose of storing preferences that are not requested by the subscriber or user.
Статистика
The technical storage or access that is used exclusively for statistical purposes.Колачиња кои се користат исклучиво за анонимни статистички цели. Без покана, доброволно усогласување од страна на вашиот давател на Интернет услуги или дополнителни записи од трето лице, информациите складирани или преземени сами за оваа намена не можат да се користат за да ве идентификуваат.
Маркетинг
Колачиња за креирање кориснички профили за испраќање реклами или за следење на корисникот на веб-локација или на неколку веб-локации за слични маркетинг цели.