COVID-19 е акутна инфективна респираторна болест предизвикана од корона вирус, подгрупа SARS-CoV-2, за прв пат детектирана во градот Вухан, Кина во Декември 2019 година.
Светска пандемија. Болеста во моментот се шири низ целиот свет. Најмногу потврдени инфекции и смртни случаи во Кина и Италија. СЗО ја класифицира како пандемија на 11 Март 2020 година. Мажите и жените се подеднакво афектирани. Средна возраст на заразените е 47 години.
2-14 дена.
SARS-CoV-2 е потенцијален летален тип на коронавирус, припаѓа на фамилија на обвиен несегментиран РНК вирус кој предизвикува лесни инфекции на респираторниот тракт.
Конкретно се работи за β – коронавирус. Другите два познати β – коронавируси се SARS-CoV и MERS-CoV, кои беа исто така причина за светска пандемија со фатална респираторна инфекција во 2003 и 2012 година. Геномот на SARS-CoV-2 е 79.5% идентичен со геномот на SARS-CoV.
Со сенквенционирање на геномот се добива 96.2% идентичност со коронавирус изолиран кај лилјаците (RaTG13), што ги прави лилјаците потенцијален природен домаќин на SARS-CoV-2.
Иницијалната трансмисија од животно на човек веројатно се има случено преку директен допир на пазарот за морска храна и живина во Вухан, Кина.
Првата генетска анализа спроведена во Јануари 2020 година дојде до заклучок дека постојат два генотипа на SARS-CoV-2, L- тип и Ѕ- тип, со многу мали разлики помеѓу нив.
Влезна точка: АCЕ2, ензим кој ја катализира конверзијата на ангиотензин 2, се лачи на површинскиот епител во белите дробови и другите органи. ACE2 рецепторите се идентифицирани како место на врзување на SARS-CoV-2 кај животните и човекот.
Серин 2 трансмембранска протеаза (TMPRSS2) вирусот ја корисити оваа протеаза за да навлезе во таргетираните клетки. Тогаш се спојува со мембраната и влегува во клетката. Овде со помош на ензимите како што е RNA полимераза или протеаза внесени од страна на вирусот се реплицираат вирусните компоненти.
Со тоа настанува вирусно оштетување, особено на алвеоларниот епител. На истиот принцип можат да бидат оштетени и други органи како што се црниот дроб и срцето.
Не регулиран имунолошки одговор: имуниот систем одговара со испуштање на цитокини (ИЛ-6) и започнува брз одговр на акутна инфламација.
Често асимптоматски.
Симптоми: треска, слабост, несвестица, сува кашлица, анорексија, мијалгија, диспнеа.
Помалку чести: ринитис, ларингитис, главоболка, дијареја, болка во абдоменот.
Болеста има широк спектар на тежина. Од лесен до критичен степен.
Во 80% од случаевите е лесно-среден степен. Некомплицирана клиничка слика, без диспнеа, времетраење 1-2 недели.
Тешката форма (застапена 15%) се развива 5-7 дена од почетокот на симптомите. Напредува до пневмонија. Вклучува диспнеа, отежнато дишење, хипооксија. Времетраење 3-6 недели.
Критична форма (5%) знаци на напредната пневмонија, откажување на белите дробови, шок и откажување на повеќе органи. Времетраење 3-6 недели.
Присуство на патогенот докажано со PCR – метода и брисеви земени од:
Горно респираторен тракт, назофарингеална шупина, орофарингеална шуплина, долно респираторен тракт, бронхии и трахеа, алвеоли, спутум.
Кај пациентите во напреднат стадиум (пневмонија, ARDS, сепса), брисевите земени од горнореспираторниот трат може да бидат негативни, додека примероците од долнодигетивниот тракт се позитивни.
Редовното лабораториско следење на хоспитализирани пациенти треба да вклучува: гасни анализи на крв, ККС, електролитен панел, воспалителни маркери (CRP, LDH, прокалцитонин), функција на органи (креатинин, уреа, азот, волумен на урина, црнодробни функционални тестови, срцеви ензими), тестови за коагулација и Д-димери. Културата на крв, исто така, првично треба да се разгледа.
Сите хоспитализирани пациенти треба да бидат подложени на првично и последователно снимање според клиничкиот тек.
Сите превземени мерки и испитувања треба да бидат во договор и по препорака на националното министерство за здравство. Во основа ова подразбира пријавување на пациентот на МЗ, локалните центри и матичните лекари.
Карантин и изолација во зависност од проценетиот ризик, мерките вклучуваат од домашна изолација до карантин на целото населено место.
Низок до среден ризик – Супоративна нега во домашни услови. Изолација предвидена и регулирана од државата за лица со потврден COVID-19, вклучувајќи ги лицата кои биле во контакт со заразениот пациент.
Висок ризик – Супоративна нега и интензивни мерки во склоп на потребите и клиничката слика.
До овој момент не постои терапија наменета за COVID-19. Сите пристапи се експерментални.
Употреба на лекови
се применуват по разгледување на ризиците и придобивките во секој поединечен случај.
Терапија која моментално се испитува:
(во моментов се тестираат и спроведуваат неколку клинички студии)
Пресуден фактор за дејстување на медицинската терапија ќе биде времето кога е аплицирана. Лековите кои ја инхибираат инвазијата и репликацијата на вирусот (пр. Камостат и rhACE2), треба да бидат аплицирани што е можно порано, додека лекови кои имаат за цел да го контролираат имунолошкиот одговор при тешка и напредна клиничка слика, ќе бидат ефективни во напредната фаза од болеста.
Моменталната смртност е проценета помеѓу 0.5 – 3% , но оваа стапка варира во секоја држава и треба да се има во предвид дека дел од смртните случаеви поврзани со COVID-19 не се ни детектирани.
Смртноста е повисока за возрасни лица (65+).
Ризични групи се:
Во моментот не постојат докази дека бебињата и децата се високоризична категорија. Но, без разлика на возраста и коморбидитетите, препораките за превенција се однесуваат на секого.
Консензус за превентивни мерки и контрола на инфекцијата
Етика на кашлање
Избегнувајте кашлање и кивање кон други лица. Користете палома и веднаш фрлете ја по искористувањето. Доколку не ви е достапна хартија, ќивајте и кашлајте во внатрешната страна од лактот со што ќе ви останат рацете заштитени.
Официјални информации од:
Centers for Disease Control and Prevention
World Health Organization
Johns Hopkins CSSE real-time tracking of COVID-19 spread