Ви благодариме што се приклучивте кон КЛУБОТ ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ, движење на луѓето кои со мали но револуционерни чекори се спремни да го променат својот начин на живеење, кон поздрав и квалитетен живот.
Овде сме да ги поткрепиме нашите знаења со медицински основани докази и со поттик за правење на здрави и правилни одлуки. Тоа се мали, дневни одлуки кои ќе Ви овозможат да постигнете здрав животен стил.
Дебелината и прекумерната тежина се прифатени како болести на 21 век. Затоа ние сакаме да им помогнеме на пациентите и клиентите кои се борат со истата, зголемувајќи ја нивната самодоверба, давајќи им сила да живеат со здрави навики и да го прифатат новиот начин на одбирање, подготвување и конзумирање храна.
Бенефитите од имање и одржување на здрава (нормална) телесна тежина одат многу подалеку од зголемена психичка и физичка енергија и помал конфекциски број на облека.
Бесплатното зачленување во клубот НИЕ ВИЕ И ЗДРАВЈЕТО, се одвива секој работен ден во просториите на ПЗУ Д-р Самарџиски, со претходно закажан термин.
Проектот е изработен во соработка со: