БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА






Викторија Цацкова

дипломиран хемиски инженер

Мануела Манева
специјализант по клиничка биохемија

Ивана Темелкова
лаборант

Анче Постолова
лаборант

Тања Крстева
медицински техничар


 

 

 

Лабораторијата при ПЗУ "Прим. Д-р Самарџиски"
со прецизна, ефикасна, брза и навремена услуга за сите нејзини корисници

Правилната дијагностика е основа на понатамошниот тек на лекувањето на пациентите. За да го обезбедиме ова, одиме во чекор со светските новини на полето на современа апаратура и надгрдување на сопствениот кадар, опрема, методи за испитување, квалитетен потрошен материјал и организација која овозможува безбеден проток на биолошкиот материјал и аналитичка работа.

Покрај рутинските биохемиските анализи, глукоза, уреа, креатинин, серумско железо, холестерол, триглицериди, трансаминази,  вршиме и комплетен преглед на урина со уринарен статус и седимент на урина под микроскоп. Во урината се определуваат и електролити (К+, Na+, Cl-), глукоза, уреа, креатинин, протеини.

За изработување на поспецифични биохемиски анализи, биохемиската лабораторија има склучено договор за соработка со други еминентни лаборатории во земјата и во странство.

Во однос на она што пациентот треба да го знае пред земањето крв и урина е дека треба да биде гладен и жеден доколу се анализираат гликемијата, холестеролот триглицеридите, ХДЛ холестерол.

Резултатите се готови за 2 до 3 часа кога се работат рутинските анализи, а за специфичите анализи е потрено подолго време заради природата на анализата, а за тоа Ве информираме кога ке се земе материјалот за анализа. Резултатите можете да ги подигнете лично или да ги добиете по е-маил.



НОВИ ИСПИТУВАЊА
Во просториите на нашата лабораторија се воведени нови мултипараметарски серум тест панели за квантитативен скрининг и дијагностика на алергии и автоимуни заболувања.

...повеќе




Услуги

Биохемиски анализи

  • - Глуциден статус (глукоза, гликолизиран хемоглобин, глукоза толеранс тест)
    - Липиден статус (триглицериди, холестерол, ХДЛ, ЛДЛ)
    - Деградациони продукти (уреа, креатинин, мочна киселина, вкупен, директен и индиректен билирубин)
    - Протеински статус (албумини, глобулини, вкупни протеини)
    - Ензимски статус (АСТ, АЛТ, ГГТ, ЛДХ, ЦК, ЦК-МБ, амилаза, алкална фосфатаза, кисела фосфатаза, простатична кисела фосфатаза)

Хематолошки анализи

    - Диференцијална крва слика (WBC, RBC, HGB, HCT, MCV, MCH, MCHC)
    - Седиментација на еритроцити

Хормони

  • - Хормони на тироидна жлезда и хипофиза (ТСХ, ФТ4, Т3, Т4, ФТ3, Анти ТПО)
    - Полови хормони (ФСХ, ЛХ, Естрадиол, Пролактин, ДХЕА-с, Прогестерон, Тестостерон)
    - Хормон на надбубрежна жлезда (Кортизол)

Фактори на хемостаза

  • - АПТТ
    - ПТТ
    - Фибриноген
    - Време на крварење
    - Време на коагулација
    - Д-димери

Електролитен статус

  • - Na (Натриум)
    - К (Калиум)
    - Јонизирачки / вкупен калциум
    - Mg (Магнезиум)
    - Р (Фосфор)
    - Фосфатни неоргански
    - Cl (Хлор)
    - Бикарбонати
    - Fe (Серумско железо)

Специфични протеини

- Феритин
- Трансферин
- Имуноглобулин А, Г, М
- АСЛО (квантитативно)
- Високосензитивен ЦРП (квантитативно)
- РФ (квантитативно)

Aлергии

- ИгЕ тотал
- Респираторни панели
- Прехрамбмени панели

Тумор маркери

- ЦЕА
- ПСА
- ЦА 72-4
- ЦА 15-3
- ЦА 19-9
- Ца 125
- Слободен ПСА
- АФП
- Бета ХЦГ

Серологија

  • - Анти Х. пилори
    - HBsAg, Anti HBs,Anti HBc
    - Anti HAV IgM
    - Anti HCV
    - Anti CMV IgM, IGG

Друго

- Окултно крварење во столица
- Мониторирање на лекови
- HbA1c (гликолизиран хемоглобин)

 




Потребна документација за лабораториски испитувања

  1. - Упат од матичен лекар за испитувањата од ЛУ-1 образецот за осигуреници на ФЗО.
    - Останатите лабораториски испитувања се на сопствен трошок и се вршат без лекарски упат.