ИНФОРМАТИВНИ ТЕКСТОВИ

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА КОЛОРЕКТАЛНИОТ КАРЦИНОМ



Што е колоректален карцином?

Кога ќе се открие во рана фаза, излекувањето на колоректалниот карцином е со висок процент. Колоректалниот карцином настанува кога абнормални клетки растат во слузницата на дебелото црево (колон), и/или во слузницата на ректумот. Заболувањето ги погодува и мажите и жените и е на трето место најчесто дијагностициран рак во САД. Колоректалниот карцином е втора водечка причина за смрт поврзана со рак во САД со околу 52.000 смртни случаи (26.000 мажи и 26.000 жени) во 2008 година.

Поголем дел од малигните заболувања кои се јавуваат кај колоректалниот карцином се нарекуваат аденокарциноми. При дијагностицирање на колоректален аденокарцином, малигните клетки на ракот растат во внатрешноста на дебелото црево и/или ректумот. Големи групации на овие клетки формираат структрури познати како тумори.




Што се полипи?

Полипи се израстоци во внатрешната празнина на цревото, како цевчест шуплив орган. Повеќето од нив се безопасни, но некои може да преминат во карцином ако не се отстранат на време. Двата најчести типови на интестинални полипи се аденоми и хиперпластични полипи. Тие се формираат кога настануваат проблеми при делбата и растот на клетките и нивното учество во репарацијата (поправка) на цревната слузокожа во дебелото црево.



Ризик Фактори за колоректален карцином


Точната причина за колоректален карцином не е позната. Сепак, постојат голем број на познати фактори на ризик кои ги зголемуваат шансите за развој на болеста. Тоа се:

Ризик фактори на кои не може да се влијае, како што е:

1. Возраста – поединици над 50 годишна возраст се со зголемен ризик за колоректален карцином.
2. Фамилијарна историја – индивидуи кои имаат еден или повеќе блиски роднини кои имаат дијагностициран колоректален карцином, рак на дојка или оваријален карцином може да се изложени на зголемен ризик за оваа болест.
3. Интестинални полипи и инфламаторна болест на цревата – одредени видови полипи на дебелото црево кои се бенигни израстоци на ткивото може да претставуваат знак или предупредување на колоректален карцином.

Ризик фактори на кои може да се дејствува:

Обидете се да ги одбегнувате работите кои го зголемуваат вашиот ризик за добивање на колоректален карцином:

1. Консумација на големи порции на црвено обработено месо приготвувано на високи температури, особено сланина, шунка, колбаси, салама;
2. Обезност (абдоминална дебелина или голем обем на струк) или БМИ >30 kg/m2; концентрирано масно ткиво околу половината – тело во облик на јаболко.
3. Отсуство на физичка активност;
4. Пушење;



Кои се симптомите на колоректалниот карцином?


  • Колоректалниот карцином не се манифестира во раната фаза, односно е без симптоми и затоа скрининг тестирањата се од особена важност и се препорачуаваат да се направат на време. Детекција на болеста во почетната фаза се смета за голема предност во однос на излекувањето. Како што болеста ќе прогредира се појавува крвава столица или болки во стомакот, опстипација и дијареа, чувство на фекална итност, губење на тежина без очигледна причина и умор. Кога ќе се појават овие знаци, туморот е во фаза кога потешко би се излекувал.


Тестови за откривање на колоректалниот карцином

  • Скриниг тестовите се клучна алатка за рана дијагноза. Поголем дел од луѓето треба да направат колоноскопија на секои 10 години кога ќе наполнат 50 год. Овој тест со помош на минијатурна камера овозможува на докторите да погледнат во внатрешноста на дебелото црево и ректумот. Оваа драгоцена метода, иако инвазивна, сепак се смета вредна во пронаоѓањето на туморот (или полипот во одредени случаи) во рана фаза.

    Виртуелната колоноскопија користи КТ компјутерска томографија за прикажување на 3-Д модел од цревото на пациентот. Без користење на камера во телото, овој тест ги прикажува со голема сензитивност полипите и другите нарушувања во цревото. Се препорачува еднаш на секои 5 години, исто како и бариумската енема за кои тестови, доколку се појават абнормални резултати сепак се следат со колоноскопија.



Фазите на колоректалниот карцином

Секој карцином кој е откриен и дијагностициран подлегнува на класификација, градуирање или "стејџинг" со кој се означува до каде (во која фаза) е проширена болеста.

Повисоките градуирања на карциномот означуваат посериозен тек на болеста. Туморскиот раст не секогаш прави разлика во однос на класификацијата. Стејџингот на колоректалниот карцином му помага на докторот да одлучи кој тип на третман ќе биде превземен, во одредена фаза на болеста.

Фаза 0 – Туморот е лоциран во самата слузница на колонот или ректумот.
Фаза 1 – Туморот е проширен во мускулниот слој од колонот или ректумот.
Фаза 2 – Туморот е проширен низ надворешната обвивка на цревото или низ сите слоеви.
Фаза 3- Туморот е проширен на еден или повеќе лимфни јазли во околината.
Фаза 4 – Туморот е проширен на други делови и органи од телото, како што се црниот дроб, белите дробови, или коските.

Процентот на исходот и закрепнувањето од болеста зависи во која фаза се наоѓа туморот. Процент на преживување најчесто се споменува на посета кај докторот, а се однесува на процент од луѓето кои ќе преживеат 5 години или повеќе, од моментот кога биле дијагностицирани во одредена фаза од болеста.

Така што, Фаза 1 од колоректалниот карцином има 74% - 5 годишно преживување, додека Фаза 4 има 6 % - 5 годишна рата на преживување од кога е пронајден (дијагностициран) туморот.





Третман на колоректален карцином

Хируршката интервенција и отстранување на туморозното ткиво во рана фаза на болеста има висока стапка на излекување. Туморот и околното ткиво вообичаено се отстрануваат во сите фази, освен во последната фаза. Доколку туморот има голема димензија се отстранува еден поголем дел од колонот или ректумот. Доколку болеста ги зафатила црниот дрог, белите дробови или други органи, хируршката интервенција најверојатно нема да придонесе до излекување на болеста, но може да помогне за олеснување на симптомите.

Радијација и хемотерапија помага при симптомите и помага да се достигне подолга ремисија. Новите лекови за хемотерапија имаат помали несакани ефекти и се помалку веројатни дека ќе предизвикаат гадење. Исто така се располага со повеке медикаменти кои помагаат при контрола на симтпомите на гадење и повраќање.




Превенирај го колоректалниот карцином со здрави навики

Можете да преземете мали чекори но драмастично да ги намалите шансите за добивање на болест. Јадете здрава природна и свежа храна (овошје и зеленчук, исхрана со цели зрна наместо рафинирани зрна, помал внес на процесирано црвено месо), практикувајте редовна и континуирана физичка активност, контрола над телесната тежина. Овие навики го намалуваат ризикот за добивање карцином, и превенираат 45% од колоректалните карциноми. Ова ќе Ви овозможи истотака постигнување и одржување на здрава телесна тежина како еден од ризик факторите за колоректален карцином.




Физичката активност, исхраната и колоректалниот карцином

Воздрасната популација и индивидуите кои се физички активни, се смета дека имаат "моќно оружје" против колоректалниот карцином. Во една студија, физички рекреативните луѓе со најголем степен имаат помалку шанси да добијат колоректален карцином, отколку оние кои применуват помалку или немаат никаква физичка активност. Благодетите од физичката активност се потврдени без разлика на тоа каква физичка активност обавува индивидуата. Не мора да се применува тешки напорни вежби со голема тежина и сила за да се смета за физички активен, доволни се континуирани аеробни вежби, пешачење и возење точак, џогирање и трчање. Препорачано времетрање е околу 150 минути во неделата односно бавење со физичка активност барем 30 минути 5 пати во неделата. Напорното вежбање (јакнење на мускулатурата, теретана) дава поголеми бенефити за пократко време и е препорачана 20 минути 3-4 дена од неделата.

Препораките за добро избалансирана исхрана се однесуваат на: оброци составени од најмалку 5 порции овошје и зеленчук и шест оброци од други растителни продукти (житарици, тестенини, цели зрна, легумести зрна). Се докажало дека овој вид на исхрана содржи големи количества на антиоксидантни кои имаат антивоспалителни ефекти врз карцниомот и го намалуваат неговиот раст. Како на пример присуството на каротеноиди во зеленчукот, флавоноиди во растителните пигменти, ликопен во доматот, редовна употреба на зелен чај каде што бенефитна состојка се полифенолите.