ИСТОРИЈАТ
СВЕТИЛНИК НА ХУМАНОСТА

 


 

ПЗУ "Прим. Д-р.Самарџиски" како светилник на хуманоста веќе две децении со најголема сила Ве потсетува на нашата заедничка обврска покрај грижата за своето здравје да се грижиме и едни за други.

Нашата визија е да го трансформираме здравствениот систем преку здрави навики за квалитет, сигурност и услуга. Да бидеме препознати по нашите задоволни пациенти, доктори и пријатели како здружене на:

- Најдобро место за добивање на здравствена нега,
- Најдобро место за работа и практикување медицина.
- Да бидеме познати како совршена општествена организација од тим кој работи заедно за подобрување на здравјето и секојдневниот живот на тие што ги услужуваат.

Нашата мисија е преку континурирана и професионална услуга да допреме до граѓаните и да ја разбудиме во нив желбата да станат дел од оваа визија. Да ги мотивираме и предочиме да работат во тим, да се вклучат во акции за помош на ранливите категории и онаму каде што е повредено човековото достоинство. ПЗУ "Прим Д-р Самарџиски" без разлика на раса, вера и определби, пренесува и споделува заедничката грижа и помош на сите оние на кои им е потребна.

Взаемната соработка со останатите организации и институции ни овозможува брзо и професионално извршувањето на бројните активности, проекти, задачи. Со нашиот ентузиазам и ентузијазамот на нашите пациенти успеавме да создадеме и пружиме квалитена и ефикасна услуга на секој што е потребно. Се надеваме дека во овој, трет милениум, лугето од целиот свет ќе уживаат во подобар живот.

Прим. Д-р Цветанка Манева - Самарџиска



 

ОСВРТ НА РАЗВОЈОТ ВО ИЗМИНАТАТА ДЕЦЕНИЈА

ПЗУ " Прим. Д-р Самарџиски" е приватна здравствена установа, основана во Мај 1998 година со цел да го унапредува и подобрува здравјето на своите пациенти.

Работата ја започна на 1 Септември, на ул. Пиринска бр.75-б во изнајмени простории, како амбуланта по општа медицина. Две години подоцна, на 2 Октомври 2001 год. беше отворена втора амбуланта по општа медицина во с.Караорман.

Потребите на нашите сограѓани за услугите што се нудеа во нив беа усмерени кон напредок. Во такви услови просторот не ги задоволуваше потребите. Веќе во 2005 год. нашиот тим се вселува во сопствени, наменски простории од 130 метри  квадратни, на улица Партизанска бр.75-Б, стамбен деловен комплекс " Дујле " Штип, во непосредна близина на предходната локација на амбулантата.

Приватната здравствена организација-ординација од 24.08.2004 се здобива со уште една организациона единица – специјалистичка ординација по интерна медицина, а потоа од 2005 со биохемиска лабораторија и аптека.

Така ПЗУ "Прим. Д-р. Самарџиски" од Општа ординација прерасна  во современа и модерна Поликлиника, здравствена установа по Општа и Интерна медицина за превенција, дијагностика и лекување со Биохемиска лабораторија и Аптека.



 

ПОВАЖНИ ДАТУМИ ОД ХРОНОЛОГИЈАТА

  • 1 Септември 1998 - започна со работа ПЗО, ординација по Општа медицина;
  • 2 Октоври 2001 - започна со работа амбуланта по Општа медицина во с.Караорман;
  • 24 Август 2004 - започна со работа специјалистичка ординација по Интерна медицина;
  • 21 Март 2005 година - нов објект со пространа функционална организираност, дизајн и технологија;
  • 21 Март 2005 - започна со работа биохемиска лабораторија;
  • 30 Август 2005 - започна со работа аптека " Медифарм"
  • 7 Април 2006 - излезе првиот број на весникот Ние Вие и Здравјето - информативно списание;
  • 15 Јануари 2007 - се формира клуб за здрав начин на живот "Ние Вие и Здравјето";
  • 1 Септември 2009 - ПЗУ ПРИМ Др. Самарџиски е онлајн;
  • 15 Март 2012 - започна со работа трет тим на матичен доктор;
  • 1 Декември 2015 информативен онлајн сервис за нашите пријатели и соработници;
  •