Како водечка причина за смрт во светот, а и во Македонија се кардиоваскуларните заболувања. Поради тоа ПЗУ "Прим. Д-р Самарџиски" своето дејствување го насочува кон дијагностицирање, третирање, лекување и превенција на овие болести. Ординацијата по Интерна Медицина е најновата стручна дејност која е во функција од 2010 год. Кабинетот е опремен со најсовремена апаратува која овозможува квалитетни прегледи од областа на:
Општ интернистички преглед
Електрокардиографија
Ехо Дијагностика
Доплер ултразвук дијагностика
Холтер за крвен притисок
ЕКГ холтер
Спирометрија и пулс оксиметрија
Коронарен стрес тест
Специјалистичката ординација по Интерна Медицина има склучено договор со Фонд за Здравствено осигурување на Р Македонија и сите медицински услуги за пациентите осигуреници на Фондот се обавуваат со упат од матичен лекар.
Во нашата ординација медицинските услуги пациентите можат да ги обават и со сопствено финансирање, односно приватно.
Цените за прегледите на приватно се одредени од страна на ФЗОМ на Р Македонија, односно се референтни и важат на ниво на Р Македонија.