АРТЕРИСКА ХИПЕРТЕНЗИЈА



НАЧИН НА ЖИВОТ, ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ И ДРУГИ ПРЕПОРАКИ

ТРЕБА ДА СЕ ПРАКТИКУВА

Физичка активност (брзо одење 20-30 минути/ден, мал фудбал, тенис, кошарка..) по препорака на лекар.

• Престој на чист воздух.

• Одржување на телесната тежина блиску до идеалната ( треба да ја одреди лекар според индексот на телесна маса ), редовна и здрава исхрана.

• Редовни лекарски контроли, по однапред направен распоред, дури и ако нема тегоби.

• Еднаш годишно контрола кај пациенти со регулиран крвен притисок, ако нема тешкотии од било кој вид.

• Редовно земање на лековите и спроведување на постапките за здрав начин на живот и здрава исхрана, онака како што е препорачано од лекар.

• Грижа за сопственото здравје и добра регулација на крвниот притисок.

НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРАКТИКУВА

• Отсуство на физичка активност, боди билдинг или слична активност.

• Пушење или претстој во простории каде се пуши.

• Пораст на телесната тежина над границата на лесна надхранетост.

• Ригорозни диети за брзо намалувење на тежината.

• Да не се пријават на лекарот појава на нови симптоми, наоди или друг податок, или појава на несакан ефект од лековите.

• Промена на лековите или на дозите на лековите за крвниот притисок или други постапки без консултација на лекар.

• Очекување дека се зависи само од лекарите.