ИНФОРМАТИВНИ ТЕКСТОВИ

HELICOBACTER PYLORI

 



Што е Helicobacter pylori?

Хеликобактер пилори (ХП) – грам негативна бактерија во облик на спирала која предизвикува инфекција во дигестивниот тракт.

Хеликобактер пилори предизвикува повеќе од 90% од чиревите (улкус) на дуоденум (дванаесетпалачно црево) и до 80% од чиревите на желудникот. До 1982 година, кога е откриена бактеријата, се мислело дека главни предизвикувачи на улкус на гастроинтестиналниот тракт се јако зачинета и кисела храна, стрес и лоши животни навики. Така, пациентите добивале разни лекови кои само ги ублажувале симптомите на болеста, но не доведувале до излекување. Најчесто, по прекин на терапијата симптомите се враќале. Денес е јасно дека причината за симптомите и болеста кај тие пациенти била бактерија која "преживувала" во организмот.

Освен на желудечната слузница, ХП кај луѓето е откриена и на раните во усната шуплина, забните наслаги, плунката, а докажана е и во столицата.

ХП е спирална бактерија која е пронајдена на желудечната слузница. Единствена бактерија која може да преживее во екстремно кисела средина, во присуство на многу малку кислород и при температура од 37 степени Целзиус.

Во човековата околина (вода, храна, отпадна вода) ХП е пронајдена во големо присуство, со оглед на тоа дека спаѓа во бактерии кои се многу осетливи на надворешни влијанија, и тогаш само во облик на спора, форма за која не е докажано дека предизвикува болест.



На кој начин се инфицираме со Helicobacter pylori?

Начинот на инфицирање со ХП не е потполно истражен. Досегашните истражувања говорат во прилог дека инфекцијата се пренесува од инфициран на здрав организам, и тоа на три начини:

- Желудник – уста, кога од повратена желудечна маса која содржи голема количина на бактеријата, некако достигне до уста на здрав човек.

- Уста – уста, кога од уста на заразен човек бактеријата се пренесува на устата на здрав човек. Истражувањата покажале дека ХП може да е присутна во раните на усната шуплина.

- Столица – усна шуплина, кога од столица на заразен човек, преку нечисти раце бактеријата се пренесе на устата на здрав човек.




Како најчесто се инфицираме со ХП?

ХП инфекцијата е најчеста кај деца кои креветот го делат со родителите или други инфицирани деца. Најбрзо се инфицираат деца кои живеат во лоши социо-економски услови и напуштени простори. Се смета дека кога детето ќе се зарази со ХП во рана возраст, после лекување полесно може да се повтори нова инфекција, особено во првите 5 години од животот. После 5-тата година инфекција со ХП е значително поретка, слично како и кај возрасните. Се смета дека ова е поради тоа што детето останува да живее со истата фамилија, во иста инфицирана средина.


Каков е природниот тек на инфекцијата со ХП?

  • Ако болниот не се лекува, инфекцијата со ХП е доживотна. ХП спонтано ќе се повлече целосно, кај случаи кога се појавуваат хронични воспалителни промени на слузницата на желудникот и главните услови за преживување на оваа бактерија ќе се променат. Таквите промени се случуваат во понапредна возраст на болниот кога доаѓа до стареење на желудочната слузица (атрофија) и намалено количество на лачење желудечна киселна.



На кој начин ХП делува врз слузницата на желудникот?

  • Инфекцијата со ХП започнува со влез на бактеријата во гастроинтестиналниот тракт на домаќинот. Исходот од оваа инфекција (успешна / неуспешна) зависи од способноста на бактеријата да преживее во киселата желудечна околина, нејзино успешно населување на покривните клетки од желудечната слузница, разможување и понатамошно делување.

    Бактеријата преживува во киселата околина во желудникот преку лачење на супстанции (ензим – уреаза) со помош на кои околу себе прави алкална средина. Не продира низ покривните клетки од желудечната слузница туку се населува измеѓу нив, и после успешно прикачување брзо се множи, а кога ќе достигне одреден број се шири низ целата површина на желудникот.

Како инфекцијата со ХП предизвикува болест?

  • Агресивноста на бактеријата од една страна и, осетливноста на организамот од друга, се веројатни фактори за тоа како симптомите варираат во популацијата. Така, едни се презентираат само со воспаление на слузницата – гастритис, утвреден на преглед, додека кај другите се развиваат различни болести како чир и/или карцином на желудникот.

    Различни видови на ХП предизвикуваат различни влијанија врз организмот, некои брзо доведуваат до тешки оштетувања додека некои живеат на слузницата и предизвикуваат незначајни промени, или лесно воспалување. Освен овие воспалителни реакции, како и кај секоја друга инфекција, организамот одбрамбено реагира и создава противтела, односно антитела против оваа бактерија. Колку и да се високи овие антитела во крвта, за разлика кај другите инфекции, овие нема да доведат до излекување на болеста.


Дијагностика на ХП

Инфекцијата со ХП која предизвикува над 90% од уклусите на дванаесетпалачно црево, и околу 80% од улкусите на желудник денес многу лесно и едноставно може да се дијагностицира.

Дијагностичките процедури за откривање на ХП се поделени на:

Инвазивни – ендоскопски преглед со сонда со земање на примерок (биопсија, хистологија и правење култура)

Неинвазивни – преглед без сонда, методи за испитување на присутност на ХП

- Уреаза издишен тест – докажување на активноста на бактеријата
- Преглед на крвта – докажување на антитела против ХП во серум
- Преглед на столицата – докажување на антигени на ХП во столицата на болниот

Изборот на дијагностичката метода за докажување на ХП кај пациентот при прва посета кај матичниот лекар со симптоми на диспепсија (перзистентна болка или дискомфор локализиран во горниот дел од стомакот), зависи од интензитетот на симптомите и возраста. Европската работна група за ХП инфекција предложи различни пристапи за дијагностицирање на ХП кај болни под и над 45 години. Кај групата на пациенти помлади од 45 години без тешки - "алармантни" симпоми (види подолу), дијагностицирањето може да се направи во лаборатории во склоп на општа амбуланта со докажување на ХП во столица или уреа издишен тест. Во случај на позитивен наод се препорачува лекување со тројна терапија. Успехот на терапијата исто така се контролира преку неинвазивни постапки како уреа издишен тест.

Алармантни симптоми
- Јаки болки, кои значајно влијаат врз квалитетот на живеење
- Знаци за крварење – хематемеза (повраќање на крв) и мелена (столица со црна боја)
- Анемија
- Силно повраќање
- Нагло губење на тежината
- Отежнато и болно голтање на храната
- Наод на опиплива маса во предел на стомакот



Дијагностичко испитување на ХП преку крв – серолошко испитување (одредување на ХП антитела во крв или серум)

Не се препорачува за следење на излекувањето на ХП затоа што и покрај успешно лекување на бактеријата, тестот може да остане позитивен со месеци потоа. Потребата од серолошко испитување останува во случај кога не постои можност за друг начин на дијагноза и кога пациентот дотогаш не ја лекувал инфекцијата со антибиотици.



Ендоскопија

Пациентите постари од 45 години, или кај они кај кои се присутни "алармантните симптоми" независно од возраста, се препорачува доиследување кај гастроентеролог. Прегледот вклучува и ендоскопски преглед на хранопроводот, желудникот и дванаеспалачното црево со дијагностицирање на ХП преку земање на примерок од желудечната слузница.



Треба ли да се испитува ХП кај луѓе кај кои не постојат симптоми?

Не постои потреба од испитување на особите кои немаат симптоми! Исклучок може да бидат оние пациенти кај кои во поблиската фамилија има еден или повеќе особи со рак на желудникот, и кај оние кои мора како терапија да земаат ацетилсалицилати (Андол, Аспирин) и антиреуматици, а до тогаш при земање на оваа терапија се имале желудочни тегоби.



Терапија на ХП

Според препораките на Европската работна група за ХП инфекција, посебно се препорачува лечење на ХП инфекцијата кај сите позитивни наоди кај пациентите кои имаат улкус, а посебно кај оние кои имале минато крварење од чирот. По излекувањето на инфекцијата улкусите кога еднаш зараснале немаат тенденција повторно да се појават, исто така и крварењето се сведува на нула. Лечењето на ХП инфекцијата исто се однесува и кај оние пациенти кои имаат хроничен гастритис заради висока опасност од преодност кон карцином. Терапијата мора да биде тројна составена од два антибиотика и инхибитор на протонска пумпа. Лечењето вообичаено трае 7 до 14 дена. Одлуката за потреба од лекување како и од изборот на лековите секогаш ја донесува лекарот.



Доколку неуспешна, колку пати може да се повтори терапијата против ХП?


Исто како и во почетокот на лекувањето, за потребата од повторување на терапијата одлучува лекарот. Не се препорачува, без микробиолошки испитувања, два пати да се даваат истите антибиотици или антибиотици од иста група.