ИНФОРМАТИВНИ ТЕКСТОВИ

УЛОГАТА НА ШЕЌЕРОТ ВО НАШЕТО ТЕЛО



Глукозата се внесува во организмот преку храната во состав на сложените јагленохидрати (скроб,гликоген), дисахаридите (сахароза,малтоза) и во помала мера како моносахарид. Разградбата на скробот и гликогенот до декстрини и малтоза започнуваа уште во усната празнина под дејство на амилазата од плунката и продолжува во тенкото црево под влијание на амилазата со потекло од егзокриниот панкреас. Дисахаридазите во тенкото црево ги разградуваат дисахаридите (малтоза, сахароза и лактоза) до моносахариди: глукоза, фруктоза и галактоза.

Глукозата и галактозата се ресорбираат од тенкото црево со ензимски транспортен систем. Фруктозата се ресорбира со процес на олеснета дифузија, додека манозата, ксилозата и атабинозата се ресорбираат со пасивна дифузија низ цревната мукоза.

Апсорбираните моносахариди преку порталниот крвоток се транспортираат до црниот дроб кој игра важна улога во метаболирање на шеќерите, преку процесите на гликолиза и гликогенеза. Преку црниот дроб се обезбедуваат и енергетските потреби од глукоза за периферните ткива и органи.




Нормална концентрација

Концетрацијата на глукозата во здрав организан се движи во границите помеѓу 3.4 и 6.1 mmol/L – нормогликемија. Регулацијата на концетрацијата на глукозата во крвта е сложен процес и во него учествуваат еднокрините фактори (хормоните) и црниот дроб.

Хормони кои учествуваат во регулација на концетрацијата на глукозата се инсулинот, глукогонот, АСТН, адреналинот, глукокортикоидите, хормонот за раст и тироксинот.

Со примањето на оброк, инсулинот се ослободува од панкреасот за да помогне во искористувањето на глукозата од страна на клетките. Тој ја зголемува пропустливоста на клеткините мембрани (мускулни и масни клетки) за глукозата. Единствено во црвените крвни клетки (еритроцитите), клетките на црниот дроб и мозокот глукозата влегува пасивно, без присуство на инсулинот. Инсулинот е единствен хормон кој го намалува нивото на глукозата во крвта на луѓето. Сите други хормони десјствуваат во правец на нејзино покачување во крвта што зборува за големата потреба на организмот од глукозата како најбрз и најефикасен извор на енергија. Ова е особено важно за мозокот, бидејќи во нормални услови, глукозата е единствен извор на енергија во мозокот.

Глукагонот и адреналинот дејствуваат на разградбата на гликогенот во црниот дроб и покачување на глукозата во крвта. При нормални, физиолошки состојби во организмот дејствува глукагонот, овозможувајќи одржување на глукозата во крвта на константно ниво. Во состојба на стрес (физички или емоционален), преку стимулирање на секрецијата на адреналинот се обезбедува количина на глукоза неопходна за задоволување на зголемените потреби на организмот.

Црниот дроб во регулација на концетрацијата на глукозата во крвта учествува преку следниве метаболни функции:

• Гликогенолиза - разградба на гликогенот до глукоза;

• Гликогенеза - синтеза на гликоген од глукоза;

• Глуконеогенеза - синтеза на глукоза од нешеќерни компоненти какви што се аминокиселините или масните киселини.

Разни нарушувања на регулацискиот механизам може да предизвикаат покачено ниво (хипергликемија), односно намалено ниво (хипогликемија) на глукозата во крвта. Најчеста причина за хипергликемијата е шеќерната болест или dijabetes mellitus, која се должи на недостатокот на активен инслулин. Хипогликемијата се јавува поретко од хипергликемијата, и најчесто настанува како резултат на гладување или патолошки нарушувања на панкреасот.



Шеќерна болест (Diabetes mellitus)

Шеќерна болест (Diabetes mellitus) е состојба на хипергликемија со апсолутен или релативен дефицит на инсулинска секреција, со нарушување на метаболизмот и со појава на специфични хронични компликации на малите и големите крвни садови.

Класификација:
• Diabetes mellitus тип 1 кој е застапен кај околу 20%
• Diabetes mellitus тип 2 кој многу почест и е застапен со околу 75%
• Гестациски дијабет кој се јавува во текот на бременоста со зачестеност 2-3%;
• Други типови на дијабет: болести на панкреас, хормонални заболувања, лекови, генетски синдроми и сл.




Diabetes mellitus тип 1

  • Diabetes mellitus тип 1 или инсулин зависен дијабет, преставува болест на апсолутен дефицит на инсулин.

    Како етиолошки фактори за појава на болеста, се сметаат автоимуните феномени кои се појавуваат кај определена предиспонирана популација. Се формираат антитела од класта IgG кои ги напаѓаат бета клетките на панкреасот. Како тригер фактор за отпочнување на автоимуниот процес обвинуваат вируси, стрес, храна.

    Болеста се појавува кај млади лица, од самото раѓање па се до 30 годишна возраст. Присутни се типични знаци на полиурија (често мокрење), полидипсија (често пиење вода т.е. жеднеење) и полифагија, малаксаност, исцрпеност, како и слабеење.



Diabetes mellitus тип 2

  • Diabetes mellitus тип 2 или инсулин независен дијабет, преставува болест на нарушена секреција на инсулин или инсулинска резистенција.

    Овој тип на дијабет се должи на многу фактори на надворешанта и внатрешната средина. Како предиспонирачки фактори се сметаат прехранетоста и стресот. Инсулинската резистенција е можеби најзначајниот фактор во етиопатогенезата на болеста. Периферните рецептори се нечуствителни на инсулин. Болеста се јавува кај постарата популација, над 30 годишна возраст. Почнува постепено, без бурна најава. Во клиничката слика доминираат: прехранетоста, чувство на жед, зачестено мокрење, физичка исцрпеност и можно слабеење.


Методи за одредување на концетрацијата на глукозата во крв

Методите за одредување на концетрацијата на глукозата во крв (плазма или серум) може да се поделат на: редуктивни, фотометриски и ензимски.

Во редуктивните методи се користи редуктивното својство на глукозата. Пр: одредување на глукозата во крв според методот на Hagedorn-Jensen во кој глукозата го редуцира калиум фери-цијанидот во алкална средина, а самата се оксидира во глуконска киселина.

Фотометриските методи се базираат на мерењето на интензитетот на обојувањето кое се добива при реакција на глукозата со органски соединенија какви што се: фенол,тимол и др. Во методите со ароматичните амини: о-толуидин, анилин и бензидин, покрај глукозата рагират и други алдози, но тие во крвта се застапени во траги. Затоа овие методи се специфични за глукозата и наоѓаат примена во рутинските лабаратории.

Ензимските методи се базираат на одредување на концетрацијата на глукозата со специфични ензими: глукозо-оксидаза, хексокиназа, глукозо-дехидрогенеза. Овие методи се најспецифични.



Глукоза во урина

  • Присуството на глукозата во урината се нарекува глукозурија. Нормално глукоза во урина нема т.е. не може да се детектира со некоја од досега познатите методи. Глукозата секогаш е присутна во гломеруларниот филтрат, но се ресорбира од страна на проксималните тубули. Но, доколку нивото на глукозата го премине капацитетот на реапсорпцијата на тубулите, тогаш глукозата се излачува во урината. Овој граничен капацитет до кој тубулите можат да ја реапсорбираат глукозата се именува како шеќерен праг на глукозата и изнесува 10 mmol/L глукоза во крв.

    Тестот за одредување на глукозата во урина се употребува при: скрининг за детектирање на шеќерна болест, потврда на дијагнозата за шеќерна болест, следење на контролата на шеќерна болест.



Тест за оптоварување со глукоза
(glucose tolerance test
  - GTT)

  • Со OGTT и другите тестови за оптоварувања со инсулин, адреналин или кортизон, се испитуват нарушувањата во метаболизмот на јагленохидратите и способноста за регулација на гликемијата.
    Image result for glucose tolerance test definition







ОРАЛЕН ГЛУКОЗА ТОЛЕРАНС ТЕСТ-ОГТТ


За препознавање и категоризација на шеќерната болест од особено значење е оралниот глукоза толеранс тест-OГТТ. Овој тест има незаменлива улога во поставувањето на точна дијагноза кај пациенти кај кои концетрациите на глукоза нагладно се околу или над горната референтна вредност. Токму од таа причина мошне значајно е правилното изведување на ова испитување.

OГТТ се изведува под точно дефинирани услови и тоа:

• Пред изведувањето на тестот пациентот може да има стандардна неограничена активност, меѓутоа не смее да се изложува на невообичаено интензивно напрегање.

• Пред изведувањето на тестот пациентот треба да се придржува кон нормален режим на исхрана кој, меѓу другото, мора да содржи најмалку 150 g јаглехидрати дневно во период од три дена пред изведувањето на тестот.

• Доколку е можно (со дозвола на лекарот) пред изведувањето на тестот пациентот треба да престане со земањето на лековите кои влијаат на толеранцијата кон глукоза, како што се кортикостероидите и диуретиците.

• OГТТ не се изведува кај пациенти кои се под влијание на некоја траума, инфекција или ако се во фаза на опоравување од некоја тешка болест.

• Пред изведувањето на тестот, како и во текот на самото испитување пациентот не смее да пуши, да јаде или да пие било што друго освен растворот на глукоза кој му се дава за изведување на тестот.

• Во текот на изведувањето на тестот пациентот мора да мирува. Најдобро е во текот на изведувањето на тестот пациентот да седи, а доколку лежи тоа треба да биде на десната страна за да се обезбеди празнење на желудникот. Пациентот не смее да лежи на левата страна!

• Тестот се изведува после ноќно гладување од 12-14 часа, во кој временски период пациентот може да пие само вода, ако за тоа има потреба.

• Со изведување на тестот се почнува наутро, најдобро околу 8:00 часот.

Пред да се даде раствор на глукоза на пациентот најпрвин му се зема венска крв за одредување на концетрацијата на глукоза во серумот на гладно.
Потоа на пациентот му се дава да испие свежо подготвен раствор на глукоза кој е подготвен на следниот начин: 75 g глукоза се раствораат со 250-300 ml вода. За подобро расторање, растворот благо се загрева. Кога глукозата ќе се раствори, растворот се лади до собна температура. Вака подготвениот раствор му се дава на пациентот да го испие во рок од 1-2 минути. За изведување на OГТТ кај деца се подготвува раствор во концетрација од 1.75 g глукоза на килограм телесна маса, се до постигнување на количина од 75 g.



ПРИ ПОДГОТВУВАЊЕТО НА РАСТВОРОТ НА ГЛУКОЗА ОСОБЕНО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА НА ХИГИЕНАТА!

Стандардно, крв повторно се зема 120 минути по оптеретувањето со глукоза или според протокол даден од страна на дијабетологот. Во времето на земање на крв може да се остави и урина за детектирање на потенцијална глукозурија.
Во случај на суспектна (постпрандијална) хипогликемија тестот може да се продолжи и до 6 часа по оптеретувањето со глукоза, при што крв се зема на секои 60 минути.
При суспектна реактивна хипогликемија добро е да се има подготвен раствор на глукоза кој би се искористил доколку пациентот почувствува изразени симптоми на хипогликемија. После тоа OГТТ се прекинува.
Критериумите на Светската здравствена организација (1999 год.) за интерпретациаја на резултатите од OГТТ тестот се прикажани во следната табела: