ИНТЕРНА МЕДИЦИНА

Електрокардиографија (ЕКГ)




Што претставува EKГ?

Електрокардиографијата е уред кој ги мери електричните активности на срцето со цел да се испита мускулот на срцето и неговото функционирање.

 



Кога се користи?

Се користи за брза дијагностика, особено во итните случаи.




Како се одвива процедурата?

Се поставуваат мали електроди на градите на пациентот, додека лежи на својот грб. Електричните активности во срцето се следат преку електродите и се врши запис преку вградениот печатач. Процедурата трае неколку минути.



Придобивки

ЕКГ е важен алат при дијагностицирањето на кардиоваскуларните болести, структуралните аномалии (задебелување на мускулот, исхемичен инфаркт) и аритмии (RBBB, LBBB, WPW Syndrome, A-V block). Од своето пронаоѓање во 1900-тите, ЕКГ претставува важен дел во ефективната и брза дијагностика.




Недостатоци

Иако е речиси секогаш прецизен, ЕКГ сам по себе не е доволен за дијагностицирање на болестите. Секогаш треба да биде во тесна врска со другите анализи, истражувања и откритија на докторот.