ИНТЕРНА МЕДИЦИНА

ДОПЛЕР УЛТРАЗВУК




Доплер ултразвук на периферни крвни садови

Оштетувањето на периферните крвни садови доведува до појава на низа симптоми: студени нозе/раце, болка во нозете/рацете при движење и/или мирување – claudication intermittens, промени на бојата на кожата намалување на влакнатоста, појава на уклуси при најтешко оштетување, појава на гангрена на екстремитетот.

Степенот на прогресија на оштетувањето на крвниот сад е во права пропорционална зависност од основното заболување или придружните ризик фактори, како пушењето и новото на шеќер во крвта. Според АЦЦ/АХА 2005, откако ќе се појави болка во екстремитетот, 70-80% од пациентите со стабилна клаудикација (болки во нозете при пешачење), 10-20% прогредираат со влошување на циркулацијата и симптомите, додека 1-2 % развиват критично намалено крвоснабдува на екстремитетот (>70% стенозирање).

При веќе развиена критична исхемија на екстремитетот, се развива тежок инвалидитет. Процените во однос на едногодишниот квалитет кај овие лица се 50% од болните се живи и имаат два екстремитета, 25% направиле ампутација, а кај 25%настапил смртен исход поради кардиоваскуларни инциденти.

Лекувањето на периферната артериска болест, исто така, може да биде медикаментозно, хируршко и интервентно. Хируршкото лекување се состои од премостување на оштетените делови на артериските крвни садови со помош на графтови. Стентирањето пак се применува најчесто кај лицата кај кои постојат мали локални стеснuвања или постои ризик од хируршка интервенција.

За изведување на Доплер ултразвук на каротидни артерии и периферна циркулација не е потребна предходна подготовка од страна на пациентот. Испитувањето е безболно за пациентот и нема штетни несакани дејства по здравјето на пациентот. Резултатите од испитувањето се добиваат во реално време (во моментот на изведувањето на испитувањето) врз база на кои лекарот го определува методот на лекување. После поставување на сомнение за периферна артериска болест, следи реализација на МСКТ спирална ангиографија, при што точно се проценува степенот на болеста и се креита натамопната стратегија за лекување.