ИНФОРМАТИВНИ ТЕКСТОВИ

СОВЕТИ ЗА БРЕМЕНОСТ И ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК



Бременост и висок крвен притисок

Хипертензивните нарушувања во бременоста претставуваат ризик фактор во однос на здравјето на мајката и бебето. Овие нарушувања се јавуваат кај жени со преегзистенцијална, хронична хипертензија но може да се развие и нова, за прв пат хипертензија.

Во втората половина од бременоста може да се развие трајна состојба на покачен крвен притисок, што ја нарекуваме хипертензија индуцирана од бременоста. Таа може да се појави во неколку облици: хипертензија, прееклампсија и еклампсија.

Третманот и грижата треба да ги земат во предвид барањата и потребите на жената. Жените со хипертензивни нарушувања во бременоста треба да имаат можност да направат одлука, базирана на информираност за нивната грижа и за третманот во соработка со нивните здравствени работници.

Гестациската и хроничната бременост можат да бидат медикаментозно третирани. Неколку типа на лекови веќе со години се користат за успешно и сигурно лекување на хипертензијата во бременоста. Некогаш е потребно да се земат лекови од повеќе групи за успешен третман на оваа состојба. Исто така не сите лекови за хипертензија се прикладни за земање за време на бременоста. Кај некои жени кои веќе земат редовна антихипертензива терапија може да има потреба да бидат заменети со други алтернативни лекови.

За време на нормална бременост, концентрацијата на сите супстанции кои се вклучени во системот ренин-ангиотензин-алдостерон, значително се зголеми. За време на бременоста комплицирана од хронична хипертензија или прееклампсија, концентрацијата на овие супстанции е намален во споредба со нормалните концентрации надвор од бременоста. А карактеристика на жени со прееклампсија е зголемена чувствителност на вазопресорни агенти. Многу од патофизиолошки карактеристики на прееклампсија можат да бидат како последица на дислипидемија, оксидативен стрес и дисфункција на ендотелните клетки.




Пре-еклампсија

Прееклампсијата се јавува приближно кај 1 од 100 бремени жени.

Ако гестациска хипертензија е придружена со протеинурија и генерализиран едем, тогаш станува збор за состојба на прееклампсија. Високо ризични групи се жените кои се помлади од 18 години или постари од 35 години, жени со мултипна бременост, шеќерна болест, полихидроамнион, дебелина или висок крвен притисок пред бременоста. Околу половина од жените со висок крвен притисок пред бременоста развиваат хипертензија во вториот или третиот триместар.

Затоа е многу важно да се советувате со вашиот матичен гинеколог и/или доктор, доколку почуствувате висок крвен притисок, пронајдете протеини во вашата урина (лаб.иследувања), промени во лабараториски параметри кои се однесуваат на работата на вашите бубрези, црн дроб, отоци на лицето, рацете и нозете, нагло зголемување на телесната тежина, главоболка, проблеми со видот или болка во зглобовите при движење.

Доколку се потребни дополнителни испитувања вашиот доктор може да ви назначи ултрасонографија, ЦТГ и слично. Во некои случаи вашиот докторот може превентивно да ве задржи во болница за обсервација и проценка на состојбата на мајката. Исто како за гестациската хипертензија, прееклапсијата се медикаментозно третира. Зависи од клиничката манифестиација, овие лекови можат да се примат и интравенски во болнички услови.

Единствен начин за преќинување на преееклампсија е самиот пораѓај. Статистички поголемиот број на жени развиваат преекламспија по 36-тата гестациска недела кога во договор со докторот и со изведување на царски рез, плодот може безбедно и здраво да се извади.

Без третман пре-екламсијата може да напреднува до еклампсија, состојба која е живото загрозувачка. Екламсија е многу ретка, но сериозна состојба која предизвикува грчеви, конвулзии, губење на свеста, откажување на бубрезите или црниот дроб. Заради промените на постелката кои ги предизвикува оваа болест, детето добива помалку хранливи материи и кислород, што може да доведе до застој во неговиот развој, намалено производство на плодова вода, дистрес на детето (заради недостаток на кислород) па дури и негова смрт. Состојбата на трајно покачен крвен притисок може да доведе до абрупција на постелката (предвремено одлепување од ѕидот на материцата) што може да биде опасно по живот на детето и мајката. Оваа состојба може да се појави доколку не се соодветно третира пре-еклампсијата и високиот крвен притисок.



Високиот крвен притисок е една од најчестите компликации во бременост. По породувањето крвниот притисок се враќа во нормала за неколку денови, или недели, самостојно или со помош на лекови, што зависи од тежината на болеста. Можност за појава на оваа болест во следните бремености постои, поретко доколку во претходната бременост постоел поблаг облик, а почесто при потежок облик на хипертензија.