СКРИНИНГ И ДИЈАГНОСТИКА НА АЛЕРГИИ






Викторија Цацкова

дипломиран хемиски инженер

Мануела Манева
специјализант по клиничка биохемија

Ивана Темелкова
лаборант

Анче Постолова
лаборант

Тања Крстева
медицински техничар


 

 

 

Почитувани пациенти,

Во просториите на нашата лабораторија во склоп на Прим. Д-р Самарџиски, се воведени нови, високо иновативни, полуквантитативни тестови со нитроцелулозен чип систем за детерминација на алерген специфични IgЕ антитела во човечки серум.

MEDIWISS Analytic е бренд од GmbH – Германија. Алергените или антигените кои се испитуваат со MEDIWISS вклучуваат голем број на таргети кои ни даваат проценка на алергиската реакција која може да биде инхалаторна, алергија на храна, алергија на убоди од инсекти, антибиотици и многу други компоненти од околината на кои човековиот организам реагира.

Како се изведува тестот?

Рутинско земање на крв од страна на медицинскиот персонал. За разлика од кожните прик тестoви, оваа процедура не го изложува пациентот на директно дејство на алергенот.


Особености на MEDIWISS алергиските панели:

- Брз и едноставен алергиски тест, резултати готови за 2,5 часа;
- Безбеден за пациентот (нема контакт со алергените) како и безбеден за анализа на алергии кај деца под 6 години;
- За разлика од кожното тестирање, овде не се важни возраст, состојба на кожа, болест или бременост;
- Терапијата која ја прима пациентот нема никаква интерференција со тестот и не треба да се прекинува;
- Економски многу поисплатлив од сите останати тестови;
- Користат мало количество на серум за триесет параметри (200 микролитри);
- Резултатите се евалуираат и анализираат од страна на специјализиран MEDIWISS Imaging Software;
- CCD blocking solution - 100% сигурен резултат (0% лажно позитивни резултати)
- Резултатите се издаваат дигитално или документирани истиот ден;



Aлергиски панели



Инхалаторен панел

  • - Dermatophagoides pteronyssinus
    - Dermatophagoides farinae
    - Acarus Siro (житна грина)
    - Бубашваба
    - Eвла
    - Бреза
    - Леска
    - Багрем
    - Бука
    - Маслинка (полен)
    - Врба
    - Топола (полен)
    - Мешани треви
    - 'Рж (полен)
    - Пелин
    - Коприва
    - Амброзија
    - Амброзија кратка
    - Златошипка
    - Мачка
    - Коњ
    - Куче
    - Морско прасе
    - Крава
    - Зајак
    - Латекс
    - Penicillium - Aspergillus
    - Cladosporium herbarium
    - Alternaria alternata
    - CCD мешавина

Нутритивен панел

    - Лешници
    - Кикиритки
    - Пченкарно брашно
    - Бадеми
    - Сусам
    - Сончоглед (семки)
    - Тиква (семки)
    - Соини зрна
    - Млеко
    - Казеин
    - Целер
    - Морков
    - Домат
    - Морска риба - микс
    - Школки - микс
    - Авокадо
    - Смоква
    - Киви
    - Јаболко
    - Портокал
    - Банана
    - Камилица
    - Пченично брашно
    - 'Ржано брашно
    - CCD 1 Bromelain
    - CCD 2 рен пероксидаза
    - CCD 3 Ascorbat оксидаза

Педијатарски панел

  • - Dermatophagoides pteronyssinus
    - Dermatophagoides farinae
    - Полен (бреза, евла, леска)
    - Мешани треви
    - Амброзија
    - Пелин
    - Мачка
    - Куче
    - Alternaria alternata
    - Латекс
    - Alfa Lactoalbumin
    - Beta Lactoalbumin
    - Казеин
    - Лактоферин
    - Млеко
    - Белка од јајце
    - Жолчка од јајце
    - Лешници
    - Кикирики
    - Пилешко месо
    - Школки - микс
    - Морска риба - микс
    - Банана
    - Соини зрна
    - Морков
    - Пченично брашно
    - 'Ржано брашно
    - Овесно брашно
    - Камилица
    - CCD мешавина

 






Потребна документација за лабораториски испитувања

  1. - Упат од матичен лекар за испитувањата од ЛУ-1 образецот за осигуреници на ФЗО.
    - Останатите лабораториски испитувања се на сопствен трошок и се вршат без лекарски упат.