АКТИВНОСТИ


6-ти Конгрес за историја на медицината со меѓународно учество

На ден 23.11.2018 год. во просториите на “Порта Македонија“ – Скопје, се одржа “6-ти Конгрес за историја на медицината со меѓународно учество“, во организација на Македонска асоцијација за историја на медицината (МАИМ).




Конгресот беше отворен од страна на Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев кој ги поздрави организаторите, учесниците и предавачите на конгресот. Дел од учесниците дојдоа во Македонија со цел да се осврнат на историјата на развојот на медицинските области во повеќе земји. Во своете обраќање д-р Милошев истекна дека Министерството за здравство е посветено на континуирана медицинска едукација која преставува еден од основните чинители на професионален развој и надградба на здравствените работници. “Само со пренесување на знаењата, вештините и искуствата на врвните доктори низ историјата можеме да ги изградиме сегашните и идните генерации доктори и здравствени работници кои заеднички ќе го унапредуваат здравствениот систем.“

Претседателот на здружението Македонска асоцијација за историја на медицината (МАИМ), Г-ѓа Елена Јосимовска по повод 20 годишен јубилеј од основање на асоцијација и додели благодарница на Прим Д-р. Цветанка Манева Самарџиска за значаен придонес и збогатување на историјата на медицината во Македонија.

Др. Цветанка истакна дека таа и нејзиниот тим ќе продолжат со активно учество, организирање на инфорамтивни и едкукативни кампањи, проекти и настани со цел на информирање и насочување на нашите сограѓани од медицински аспект.




Со книга до подобро здравје



По повод 7ми Април, светскиот ден на здравјето, Прим. Д-р Самарџиски во соработка со НУУБ „Гоце Делчев“ - Штип изврши теренска акција за проверка на крвен притисок и шеќер во крвта.

6th Bulgarian bifurcation and complex coronary intervension course
Во организација на Бугарско друштво за интервентна кардиологија и Бугарско кардиолошко друштво, во периодот од 20 до 22 Јануари 2017 година се оддржа 6-тиот курс за бифуркации и комплицирани коронарни интервенции.

Домаќин на овој настан беше болницата Токуда во Софија.


Во програмата беа вклучени комплексни случаеви и интервенции на главното стебло на лева коронарна артерија, хронични тотални оклузии, предизвици кај дијабетичари, перфорации и нивен третман.

Покрај овие ретки снимени случаи за време на курсот беа извршени уште 7 интервенции во живо. Интервенциите од лабораториите за катетеризација беа директно пренесувани до учесниците и пленарниот тим кој имаа можност активно да се вклучат во дебатат и изборот на третман на овие пациенти.

Модератори на курсот:

Yves Louvard MD
Honorable Course Director
Р.Франција

Robert J. Gil MD, PhD
International Course Director
Р.Полска

Dobrin Vassilev MD, PhD
Course Co-Director
Р.Бугарија

Vassil Velchev MD, PhD
Course Co-Director
Р.Бугарија

Valery Gelev MD, PhD
Course Co-Director
Р.Бугарија

Prof. Dr. Sasko Kedev
Р. Македонија

Prof. Dr. Goran Stankovic
Р.Србија



Терапевтски модалитети и дилеми во третманот на Атријална Фибрилација
Во организација на Здружението на Интернисти на Р.Македонија и фармацевската куќа Баер се одржаа 5 работилници во Тетово, Штип, Битола, Охрид и Скопје на тема " Терапевтски модалитети и дилеми во третманот на АФ".


Неправилна срцева работа или предкоморно треперење е најчестата стекната аритмија која се карактеризира со брза ирегуларна работа на преткоморите и пренесување на импулсите кон коморите. Атријалната фибрилација (АФ), е најчеста форма на срцева аритмија со која се сретнуваат клиничарите и докторите во лекарските ординации.
Според клиничката манифестација и времетраењето на оваа состојба интернационалите асоцијации ESC, AHA и ACC, атријалната фибрилација ја класифицираат во 4 групи: новодијагностицирана, пароксизмална, перзистентна и перманента.
Прогноза во лекувањето е поврзана со веќе постоечко заболување на срцето. Варира од одлична - кога појавата на АФ е идиопатска, до многу лоша - кога исхемичната кардиомиопатија е актуелно заболување на срцето.
Третманот на оваа состојба се состои во правилно ординирана антиаритмична терапија, контрола на фрекфенција и антигоагулантна терапија.

Овие едукативни работилнии беа модерирани од Проф. Д-р. Љубица Георгиевска Исмаил и доц. Д-р. Лидија Попоска од Универзитетска клиника за кардиологија, Скопје.

На последната работилница во Скопје Д-р. Борислав Манев имаше приказ на случај "Од новодијагностицирана до перманентна АФ", односно дијагноза, иследувања и третман на Атријална Фибрилација. Случајот можете да го превземете ОВДЕ.




Избор за најуспешна жена претприемач од источен и југоисточен регион

 


 

Маркетинг агенцијата "Маркетинг Микс" ја номинираше Прим. Д-р Цветанка Манева Самарџиска во Изборот за најуспешна жена претприемач во југоисточниот регион на Македонија.



Маркетинг агенцијата "Маркетинг Микс" за првпат во Македонија организира Избор за најуспешна жена претприемач од источен и југоисточен регион.

Улогата на жените претприемачи во Македонија во последните години се повеќе се зајакнува и проширува. Нивното учество во реализација на позитивните промени во бизнис секторот и воспоставувањето на нови стандарди во работењето е од исклучително значење за развојот на економијата.

Во источниот и југоисточниот дел на Македонија постојат низа успешни бизнис приказни кои треба да бидат промовирани на национално ниво, како позитивни примери кои ќе ги охрабрат и останатите жени со претприемачки способности да се вклучат во развојот на своите идеи. Во потесниот круг од извршените анкети влегоа повеќе од 30 жени номинирани од бизнис секторот.



24ти Конгрес на Балканската Клиничка Лабораториска Федерација (BCLF)

Во периодот од 5 – 7 Октомври, 2016 година, се оддржа 24тиот Конгрес на Балканската Клиничка Лабораториска Федерација (BCLF), во Тирана, Албанија на кој како претставници од ПЗУ Прим. Д-р Самарџиски, присуствуваа и земаа активно учество м-р Д-р Мануела Манева и дипл. хем. инж. Викторија Цацкова.


Балканската Клиничка Лабораториска Федерација претставува регионална организација која ги вклучува сите Балкански држави, одн. Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Романија и Црнагора кои исто така се и членки на Европската (EFCC) и на Интернационалната Федерација на Клиничка Хемија и Медицинска Лабораторија (IFCC). Како регионална организација, BCLF организира собири на кои учестуваат клинички хемичари од целиот Балкански регион со цел промовирање и подобрување на клиничката лабораториска пракса во секоја поединечна Балканска држава.
Конгресот вклучуваше предавања од научен и истражувачки аспект, постер презентации и социјална програма. Конгресот го отвори и даде збор Претседателот на IFCC, Проф. Маурицио Ферари и Претседателот на BCLF Најдана Глигоровиќ Бархановиќ . Предавањата опфаќаа повеќе области од клиничко-хемиски аспект и презентирање на стручни трудови изработени во повеќе лаборатории ширум Балканот.

Темите опфаќаа заболувања со нивни биохемиски маркери и дијагноза, од областа на кардиоваскуларните болести, дијабетес мелитус тип 2, обезност, метаболен синдром, хематологија и колагулација, инфламаторни и хронични заболувања, оксидативен стрес и антиоксиданси, акредитација и контрола на квалитет во една лабораторија, имунолошки пореметувања итн.

Со свој труд се претстави и м-р Д-р Мануела Манева која прeдаваше за "Поврзаноста помеѓу вазомоторните симптоми со Дијабетес тип 2, Метаболен синдром и Инсулинска резистенција кај популација од пери- и постменопаузални жени."

Учествувајќи заедно со делегати, специјалисти, индустриски партнери и колеги од Европа и Балканот овој Конгрес Ни овозможи размена на искуства, јакнење на нашите професионални комуникации, согледување и примена на новите достигнувања во апликација на нови биомаркер- технологии и тестирања, менаџирање на комплексни лабораториски структури. Ова искуство директно влијае врз унапредувањето на водење на една лабораторија за потребите и исходот на пациенот кој е главен фокус на нашата работа во Биохемиската лабораторија при Прим. Д-р Самарџиски – Штип.



КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА
21.04.2015

Реализирана успешна крводарителска акција во соработка со Црвен Крст на Р.М. и АД Баргала - Штип.

Собрани 62 крвни единици

ХРАНА ЗА ВАШЕТО СРЦЕ
изборот на храна и превенција од кардиоваскуларни болести

Дали современиот избор на храна ги нуди основните хранливи елементи за здрав и правилен развој на организамот?

Дали оваа храна не штити од развивање на кардиоваскуларни болести?


Сите овие актуелни прашања и дилеми беа презентирани и дебатирани со нашите сограѓани на трибината "Храна за вашето срце - изборот на храна и превенција од кардиоваскуларни болести"

Овој настан се одржи во големата сала на Општина Штип, каде што беше презентирано влијанието на храната на нашето срце и целиот организам. Значењето на редовна контрола во работата на една лабораторија, анализи поврзани со ефектот на храната врз вашиот организам и останати испитувања кои се работат во Авицена Лабораторија и ПЗУ Прим д-р Самарџиски - Штип.

Панелисти:
Др. Борислав Манев - ПЗУ,,Прим.Др.Самарџиски;
Билјана Димитриевска – Авицена лабораторија;
Дипл. Хем.инж. Викторија Цацкова – ПЗУ,,Прим.Др.Самарџиски;

Штип 10.12.2014



5ти Македонски Конгрес по Кардиологија

Во периодот од 04ти до 07 јуни 2014 година во Скопје се оддржа Петтиот Македонски Конгрес по Кардиологија со меѓународно учество.





Кардиоваскуларните заболувања се сеуште водечка причина за морбидитет и морталитет во светот и кај нас. Главни теми на конгресот беа интервентната кардиологија, акутниот коронарен синдром, имиџинг техниките и периферната артериска болест.

Покрај овие теми се дебатираше и за превентивната кардиологија, останатите неинвазивни техники, електрофизиологијата и електростимулацијата, срцевите мани, кардиопатиите, акутната и хронична срцева слабост, кардиохирургијата, педијатриската кардиологија.


Конгресот беше организиран со пленарни предавања од домашни и интернационални експерти, симпозиуми, тркалезни маси, орални и постер презентации од областа на современата кардиоваскуларна медицина.

На овој конгрес активно учество зеде и Прим.Др.Цветанка Манева Самарџиска и Др.Борислав Манев.


ХЕЛИКОБАКТЕР ПИЛОРИ

На ден 23.01.2014год. во просториите на Црвен Крст Штип се одржа едукативна трибина на тема "Хеликобактер Пилори". Основните инфорамции за оваа бактерија, нејзината етиологија, симптологија како и начинот на дијагностирицирање и третман беше презентиран од стручните тимови на лабораториите ПРИМ Др. Самарџиски и Авицена лабораторија од Скопје.


Хеликобактер пилори предизвикува повеќе од 90% од чиревите (улкус) на дуоденум (дванаесетпалачно црево) и до 80% од чиревите на желудникот. До 1982 година, кога е откриена бактеријата, се мислело дека главни предизвикувачи на улкус на гастроинтестиналниот тракт се јако зачинета и кисела храна, стрес и лоши животни навики. Така, пациентите добивале разни лекови кои само ги ублажувале симптомите на болеста, но не доведувале до излекување. Најчесто, по прекин на терапијата симптомите се враќале. Денес е јасно дека причината за симптомите и болеста кај тие пациенти била бактерија која "преживувала" во организмот.

Најголема заинтересираност кај присутните беше изборот на терапија според најновите препораки, за терапија и терапевтскиот пристап кај рецидивни инфекции со хеликобактер пилори и најчестиот начин на трансмисија на инфекцијата.




СВЕТСКИ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ

По повод светскиот ден на борба против ракот на ден 4ти Февруари 2012 во просториите на Црвен Крст Штип се оддржа едукативна трибина на тема "Малигни неоплазми".


Оваа трибина е дел од серијалот едукативни активности на нашата ординација за отворена дискусија за малигните заболувања и подигнање на јавната свест за преземање чекори во однос превенција на карциномите.

На овој конгрес активно учесто зеде и Прим.Др.Ц.М.Самарџиска. Преку заедничка постер презентација со УГД Гоце Делчев од Штип, беа презентирани методите и едукативниот пристап достапен за нашите пациенти. А преку овие методи до контрола на ревматолошките состојби и болести.
Статистиката во Р.Македонија покажува дека малигните заболувања земаат се поголем замав и веќе ја надминуваат првата причина за смртност односно кардиоваскуларните заболувања.
Малигни неоплазми, тумор маркери, колоректален карцином, карцином на дојка и карцином на простата беа теамите презентирани и дискутирани на оваа трибина од страна на Др. Марина Јовановска Апостолова, Др. Борислав Манев, Др. Тихомир Милев и Дип.Хемиски инжинер Викторија Цацкова. Модератор на настанот беше Прим.Др.Цветанка Манева Самарџиска.

Најголема заинтересираност кај присутните беше начинот на настанување на карциномите, нивно откривање, третман и прогноза.



ДИЈАГНОСТИКА И ТРЕТМАН НА АСТМА










На ден 26.05.2011 година во хотел Оаза-Штип, се одржа предавање за докторите по општа медицина и здравствени работници на тема „Дијагностика и третман на Астма“ од Проф. Д-р Дејан Докиќ од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Пулмологија и алергологија-Скопје.


SOUTHEAST EUROPEAN MEDICAL FORUM (SEEMF)
FIRST INTERNATIONAL MEDICAL CONGRESS

22 – 25 September

2010 Golden Sands Resort Bulgaria

First announcement TOPICS Hypertension and related disorders Oncology Obesity, Diabetes Mellitus type 2, metabolic syndrome Allergy and autoimmune diseases



Кардиоваскуларните заболувања се сеуште водечка причина за морбидитет и морталитет во светот и кај нас. Главни теми на конгресот беа интервентната кардиологија, акутниот коронарен синдром, имиџинг техниките и периферната артериска болест.

Покрај овие теми се дебатираше и за превентивната кардиологија, останатите неинвазивни техники, електрофизиологијата и електростимулацијата, срцевите мани, кардиопатиите, акутната и хронична срцева слабост, кардиохирургијата, педијатриската кардиологија.

Конгресот беше организиран со пленарни предавања од домашни и интернационални експерти, симпозиуми, тркалезни маси, орални и постер презентации од областа на современата кардиоваскуларна медицина.

На овој конгрес активно учество зеде и Прим.Др.Цветанка Манева Самарџиска и Др.Борислав Манев.

ПРИЈАТЕЛИ ОД ХОЛАНДИЈА


На ден 24.02.2010 година нашата ординација беше посетена од 20 млади студенти по медицина од кој 10 студенти од медицински факултет скопје и 10 студенти по медицина од Кралството Холандија.



Студентите од Мастрихт кои беа во десет дневна посета на Р.Македонија преку Твининг проектот на Европската Медицинска Студентска Асоцијација на Македонија, имаа можност да се запознаат со примарната и секундарната здравствена зажита во Р. Македонија.






НАЈЧЕСТИ КАРДИОВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА
На ден 24.02.2010 во просториите на Црвен Крст Штип се одржа едукативно предавање на тема "Најчести кардиоваскуларни заболувања" од страна на Д-р Иван Сколов, специјалист кардиолог.


Предавањето се одржа пред 60 тина учесници, а по предавањето се одржа бесплатно мерење на липиден и гликемиски статус.
Д-р Соколов предавањето го заврши со неколку интересни совети доколку се најдете сами во случај на миокарден инфаркт. Ритмичкото и силно кашлање ги зголемува шансите за преживување, односно само кардио-респираторно оживување.
Овие трикови иако произлегле од неколку вистински случаи, не се официлано признати од релевантните асоцијации.


СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА ЗА ХИРУРШКИ БОЛЕСТИ „ФИЛИП ВТОРИ“


Од јануари 2010 година ПЗУ Прим. Д-р Самарџиски започна практична соработка со Специјалистичка болница Филип Втори Скопје.


Соработката се однесува во однос на консултативни и контролни прегледи за пациентите од Штип и источниот регион. Односно за потребите на пациентите со специфичните кардиоваскуларни заболувања и/или веќе извршени кардиоваскуларни интервенции.
Прегледот однапред се закажува.





ЕДУКАЦИЈА КАЈ БОЛНИ СО РЕВМАТСKИ ЗАБОЛУВАЊА
МААР 2009, Охрид


Во периодот од 30.09 до 03.10 2009 година во Охрид се оддржа Првиот Македонски Ревматолошки Конгрес со интернационално учество.







На овој конгрес учествуваа еминентни светски имиња од областа на ревматологијата. Во оваа прилика се презентираат најсовремените приоди во лекувањето на ревматолошките заболувања, резултат на последните светски истражувања во областа на имунологијата, дијагностиката, третманот, едукацијата, етиологијата на ревматолошките заболувања.
На овој конгрес активно учесто зеде и Прим.Др.Ц.М.Самарџиска. Преку заедничка постер презентација со УГД Гоце Делчев од Штип, беа презентирани методите и едукативниот пристап достапен за нашите пациенти. А преку овие методи до контрола на ревматолошките состојби и болести.